Бизнис
4. February 2018 - 19:30

Оризопоризводителите незадоволни од откупната цена најавуваат протести

Оризопроизводителите од Кочанско бараат итна средба со ресорниот министер, поради ниската откупна цена, но и заради неизвесноста на претстојната сеидба.  Со 35 денари за килограм бел ориз, производството е доведено под знак прашалник.

 

-Со покачување на нафтата, автоматски ни се покачуваат и трошоците на оризопроизводството. Тоа значи дека, ако ние произведуваме 600 кг (арпа) по единица декар, а 11 000 денари имаме трошоци, ние сме со 200 денари во минус. Нема која да сее ориз-изјави Здравко Арсов, Здружение на оризопроизводителите

 

Проблемите мора да се елаборираат на маса, во присуство на сите засегнати страни. Бидејќи оризопроизводителите всушност произведуваат не лупен ориз, тие бараат најниската откупна цена да биде 25 денари за нај неквалитетната арпа.

 

-Да се разграничат работите, кој е производител на оризова арпа, кој на бел ориз, а кој е откупувач- додаде Арсов

 

Уште пострашно е велат производителите, што нема заинтересирани откупувачи и по вака ниски откупни цени, а скоро половина од минатогодишната реколта стои по амбарите.

-Сигурно стојат 8000-9000 тони по магацините, нема кој да го откупи- изјави Арсов

 

Доколку не бидат повикани на разговор, оризопроизводителите најавуваат протести, кои би ескалирале во изразување на масовно незадоволство во целата земја, зашто состојбата не е ништо поразлична и во останатите сектори од земјоделието.