Македонија
4. September 2015 - 12:29

Оргинална музичка колекција на Скопско дизајнира од Фолтин, Мугер Фугер, Гоце Саф и Суперхикс

Новата уникатна колекција на Скопско шишиња беше промовирана на големата Скопско журка што се одржа вчера на Пиволенд. Четирите оригинални етикети на Скопско шишињата се дело на најдобрите дизајнери на звук: Фолтин, Гоце Саф, Мугер Фугер и Суперхикс. 

Инспирирани од својата музика и од Скопско како симбол нивните генерации, познатите музичари го преточија својот музички израз во креативни решенија создавајќи Скопско етикети кои ќе останат запаметени како оригинални уметнички дела.

Дизајните имаат модерен изглед и комуницираат со публиката која ја цени креативноста, сака добро пиво и слуша квалитетна музика. Според многумина, Скопско етикетите дизајнирани од музичарите се најинтересните кои се појавиле кај нас.

Уникатната музичка колекција на Скопско е дел од новата музичка платформа „СКОПСКО звучи супер‘‘ која има за цел да покаже дека Скопско е пиво кое знае да оствари, одржи и освежи врската со своите фанови без разлика на нивните години.

Соработката со познатите музичари е доказ за природната врска на Скопско со музиката и е прв проект од платформата кој докажува дека Скопско навистина може да звучи супер. Скопско звучи добро затоа што кога некој ќе ве праша дали си за Скопско, секогаш звучи како супер покана. Звучи супер, затоа што ја поддржува музичката сцена во Македонија и домашните бендови. Звучи одлично, затоа што Фолтин, Гоце Саф, Мугер Фугер и Суперхикс веднаш ја прифатија СКОПСКО поканата заедно да создадат нешто за своите фанови.

Уникатната колекција на Скопско може да се најде во најпознатите локали низ Македонија.