Бизнис
6. October 2017 - 21:28

Органското производство не е доволно застапено

Интересот за органските производи е се поголем, расте и бројот на производители, но сепак тој не е доволен во однос на потенцијалот кој Македонија го има. За да се искористат сите услови и ресурсите со кои државата располага за овој вид производство недостасува поголема информираност и едукација. И покрај тоа што органските производи многу полесно се пласираат на пазарот, од агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството велат дека  македонските земјоделци тешко ги менуваат навиките и ретко одлучуваат конвенционалното да го заменат со органско производство.
,, Имаме преголем потенцијал,  меѓутоа треба да работиме малку повеќе на таквата проблематика за да можеме земјоделските производители да ги насочиме точно во кои култури кога и како да го произведуваат тоа.,, вели Стојан Глигоров – АПРЗ Струмица
Во моментов поголемиот дел од органските производители се насочени кон одгледување на овошје, но доколку се видат трендовите и побарувачката на пазарот овој пример треба да го следат и производителите на зеленчук.
,, Органското производство е иднината за понатамошното производство или раст и развој на земјоделското производство. Сакале или не понатаму ќе мора да се внимава околу конвенционалното производство и употребата на пестициди.,, вели Глигоров
Засега  на територијата на Република Македонија се сертифицирани близу 2500 хектари обработливо земјиште засадено со органски производи. На ниво на држава има околу 400 органски производители и неколку преработувачи.