Македонија
9. July 2017 - 19:24

Oрганскиот отпад во југоисточниот регион ќе се компостира

Органскиот отпад во југоисточниот дел на државата  повеќе нема да се фрла. Наместо да завршува на депонија oтпадот  ќе се складира во компостери наменети за негова преработка во кои  домакинствата ќе прават органко ѓубриво. Компостерите за заинтересираните домакинства и земјоделците ќе бидат обезбедени преку центарот за развој на Југоисточниот плански регион а во рамки на проектот ,, Размислуваме за компостирање- Посветени на одржување на органскиот синџир кој се реализира како дел од ИПА програмата за прекугранична соработка со Бугарија. За таа цел веќе започна и обука на претставници од 10 македонски и 17  бугарски општини кои потоа нивните искуства треба да ги пренесат на граѓаните од двата погранични региони.

,, Преку овој проект се набавуваат 400 компостери за нашиот Југоисточен регион кои секако не се доволно за да се направи некој значаен чекор во делот на заштита на животната средина, меѓутоа тоа е само еден начин како да им покажеме на граѓаните на кој начин треба да компостираат. Она најважното што е од проектот е подигање на јавната свест кај граѓаните во однос на селекција на отпад, начинот на компостирање и самите придобивки од компостирањето.,, вели Жулиета Ѓуркова – раководител на центар за развој на ЈИ регион

 Проектот чини   120 000 евра и се реализира во соработка со здружението на југозападни општини од Бугарија.

,,Општините од Југозападна Бугарија  покрај тоа што работат на едукација на граѓаните за домашно компостирање истовремено преку оперативните програми на ЕУ  тече и подготовката на проекти кои се регионални и преку кои исти такви компостери  но само многу поголеми се градат на регионалните депонии. Во моментов на територијата на Југозападна Бугарија има четири големи депонии на кои се реализираат проекти за поставување на големи регионални компостери.,, вели Љубица Томова – здружение на Југозападни општини Бугарија

Проектот “Размислуваме за компостирање – Посветени на одржување на органскиот синџир” ќе се имплементира 15 месеци и има за цел преку подигање на јавната свест кај граѓаните да се заштити животната средина.