„Органски пат“ - апликација за пребарување органска храна во Македонија

- Пребарување и планирање посета на производители на органска храна во Македонија, ресторани, продавници, сместувачки или туристички објекти кои нудат органска храна, ќе овозможи апликацијата „Органски пат“ за мобилни телефони изготвена во рамки на проектот „Преминете на органско - потрошувачите во фокусот на земјоделската политика”.
Апликацијата ќе биде промовирана задутре од Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ), Асоцијацијата за развојни иницијативи „Зенит“ и Здружението на агро-новинари „Медиа Плус.
Проектот „Преминете на органско - потрошувачите во фокусот на земјоделската политика” е финансиран од Европската унија со цел подигнување на јавната свест и зголемување на довербата на потрошувачите во органското производство, неговите здравствени, еколошки и социјални бенефити
Ново на Сител
-

Струјата нема да поскапи, се разгледува опцијата за пониско ДДВ кај храната
-

Стартува ИНТЕРДЕЈ – струја ќе се купува по пазарни цени, истиот ден, а не ден претходно
-

Дигитализацијата и подмладокот предизвици за сметководствената професија
-

Колку државата вложува во талентираните ученици?
-

На Славјански универзитет издале диплома во 2016 година со Република Северна Македонија: Случајот пријавен во ЈО
-

На 9 мај „Нож и виљушка на европска чинија“, забава и дружење во Општина Центар
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Власта брза на избори
