Организацијата „Вешта Жена“ отвори нова канцеларија во Тетово за активности од хуманитарен карактер
Организацијата „Вешта Жена“ покрај натпреварите за готвење го проширува дејствувањето со активности од хуманитарен карактер, а за таа цел се отвори и нова канцеларија во Тетово. Канцеларијата ќе биде место за координација, зачленување и комуникација со побарувачи на услуги.
-Се отвора канцеларијата поради потребата поврзана со активностите со хуманитарен дел – чување на деца и стари лица, за што преку локалната самоуправа добивме проект кој се реализира. Обучени се 50 медицински сестри за чување на стари лица и деца до 2 години кои не се во можност да одат во градинка, изјави Снежана Стојановска, претседателка на „Вешта жена“.
Покрај примарната активност во подготовки и презентирање на готвени јадења, хуманитарната дејност ќе се проширува од социјален аспект.
-Еднаш месечно тука ќе има настани во делот на надминување на сиромаштија и исхраната, рече Стојановска.
Претставнички на ограноци на „Вешта жена“ учествуваа и на годишното собрание на здружението со дневен ред: организација на манифестациите Вешта жена и Етно вешта жена, како и други настани како патувања и едукации. Канцеларијата е на булевар „Благоја Тоска“ во близина на трговскиот комплекс „Тетовчанка“.
Ново на Сител
-

„Марш на ангелите“ оваа сабота се одржа во Виница
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, Коалиција „Сите за правично судење“
-

Вонредна седница на Владата: Продолжени се мерките за цените на горивата
-

По повеќе од три децении започна пробивање и доизградба на булеварот „Борис Трајковски“
-

Миро Кацаров в.д. директор на Универзална сала, следната недела ќе биде распишан повик за ново раководство
-

Партиски препукувања за сторени злоупотреби и криминални шеми
-

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството не го видело извештајот на ДЗР?
-

Ракот на кожа не бира возраст - превенција и рано откривање порачуваат дерматолозите

