Организацијата на работодавачи на Македонија одбележува 10 години постоење
Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) денеска одбележа 10 години од основањето и за таа цел организираше дебата „Учество на државата во економскиот систем на Република Македонија“.
Претседателот на ОРМ Ангел Димитров, истакна дека како најголема и единствена репрезентативна организација на работодавачи во земјава ОРМ ќе продолжи посветено и енергично да ги промовира и застапува интересите на своите членки во општеството, особено преку социјалниот дијалог со Владата и синдикатите.
- Организацијата останува отворена за соработка со институциите, синдикатите, академската заедница и граѓанското општество во изнаоѓање ефикасни решенија и креирање развојни политики кои ќе овозможат раст на бизнисот и домашната економија, нови работни места и перспектива за младите, како и социјална сигурност за сите граѓани, рече Димитров.
Во Организацијата на работодавачи на Македонија членуваат над 1.000 компании од 15 сектори со повеќе од 70.000 вработени. ОРМ е единствената репрезентативна организација на работодавачи од приватниот сектор која, заедно со Владата и синдикатите, го сочинува Економско-социјалниот совет, како трипартитно тело за социјално договарање и креирање политики.
Мисијата на ОРМ се остварува преку креирање и предлагање мерки, политики и активности во интерс на работодавачите во областите на образованието, инфраструктурата, општествената одговорност, безбедноста и здравјето при работа, трудовата и социјална легислатива, оданочувањето, инвестициите, кредитирањето и казнената политика.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево