Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина
Соединетите Американски Држави, кога ќе бидат предводени од Доналд Трамп, ќе го „напуштат“ конфликтот во Украина, а Европа сама не може да го финансира Киев во оваа војна, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Американците ќе ја напуштат оваа војна, пред сè нема да поттикнуваат конфликт, изјави Орбан за државното радио пред продолжението на неформалниот самит на лидерите на ЕУ во Будимпешта.
Тој додаде дека Европа не може сама да ја финансира Украина и покрај тоа што, како што наведе, „некои сè уште сакаат да продолжат да испраќаат огромни суми пари во оваа изгубена војна“.
Исто така изјави дека има и „онакви што молчат“ и дека „расте бројот на оние кои претпазливо велат дека треба приспособување на новонастанатата ситуација“.
Премиерот на Унгарија вчера на отворањето на дводневниот самит на Европската политичка заедница во Будимпешта изјави дека мора да се најдат начини за враќање на мирот во Европа.
Тој истакна дека на самитот ќе се разговара за безбедносните предизвици со кои се соочува Европа, а некои од прашањата ќе вклучуваат и како Европа може да преземе поголема одговорност за својата безбедност и мир во иднина, како континентот да биде поуспешен во спроведување на сопствениот интерес и да стане одлучувачки играч во дискусиите и случувањата кои ќе одлучуваат за неговата иднина.
На самитот во Будимпешта учествуваат 47 шефови на држави и влади од земјите на ЕУ, кандидатите за членство и другите земји кои граничат со ЕУ.
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски: Од понеделник започнува исплатата на субвенции за жителите на Кисела Вода
-
Родено првото бебе зачнато со новиот „Фертило“ метод
-
Од утре дожд, снег и постудено
-
Дисциплинска за полицајците кои го пуштија Груби
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да го повикаат Груби да се врати
-
Македонија годината ја завршува на 67. место на ФИФА ранг-листата
-
Мекинро: Не верувам дека долго ќе трае соработката меѓу Ѓоковиќ и Мареј
-
Пакистан се обидува да ја засили дигиталната контрола