-->
-->
Орбан не сака бегалците да го скараат со Меркел
-->
Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека разликите меѓу него и германската канцеларка Меркел околу приемот на бегалците во ЕУ е минато. Орбан вели дека нема да дозволи да има конфликт меѓу него и германската канцеларка.
Во интервју за унгарската државна телевизија чии делови пренесуваат германските медиуми орбан вели дека „Различните ставови се минато, Германците ја менуваат својата позиција за бегалската криза“.
Унгарскиот премиер алудира на промените во германското законодавство според кое ги заострува условите за прием и издавање на престој за бегалците. Орбан смета дека Германија сега ја признава важноста од заштитата на надворешните граници на ЕУ.
„Без да го признае тоа Европа сега се однесува и говори за бегалците исто како што тоа го правиме ние“, вели Орбан.
Унгарија е првата членка на ЕУ на балканската рута која што ги затвори своите граници за бегалците. По Унгарија истото го сторија и другите европски членки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор