Орбан му порача на Зеленски: Унгарија нема да дозволи да биде заплашена

Унгарскиот премиер Виктор Орбан му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Унгарија нема да биде заплашена.
„Унгарија нема да биде заплашена. Претседателите доаѓаат и си одат, личните навреди можат да се случат, но достоинството на Унгарија е нешто за кое не може да се преговара. Претседателот на Украина Зеленски треба да го запомни тоа“, рече Орбан во објава на социјалната мрежа X.
Унгарскиот премиер претходно во четвртокот го критикуваше Зеленски за неговиот говор на Светскиот економски форум во Давос, во кој „повторно ја нападна унгарската Влада и него лично“.
„Зеленски вели дека поддршката испратена до Украина е недоволна, оружјето е недоволно и дека решителноста на Европа е недоволна. Не мораше долго да чекаме на одговорот од Брисел. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, презентираше патоказ за развој на Украина. Во него, Брисел го прифати секое украинско барање – 800 милијарди долари за Украина, забрзан пристап кон ЕУ до 2027 година и понатамошна поддршка до 2040 година“, изјави Орбан.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
