Орбан: Да се запре приливот на мигранти што е можно појужно
Интересот на Унгарија е да се запре притисокот на мигрантите на Европа што е можно појужно и поради тоа е подготвена да им помогне на Србија, Бугарија и Македонија во таа смисла, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој во изјава за радио Кошут рече дека ставот на Унгарија за мигрантската криза е дека треба да се дејствува и да не се предава, дополнувајќи дека илегалните мигранти можат да се задржат со физички бариери.
Орбан оцени дека мислењето оти не постои начин мигрантите да се запрат - претставува нихилизам, пренесува Танјуг.
- Ако САД се способни со употреба на физички бариери да ги спречат илегалните мигранти да ја минат нивната јужна граница, не гледам зошто Европејците не би можеле да го применат истото, заклучи унгарскиот премиер.
Ново на Сител
-
Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ
-
Мицкоски ќе информира за договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Русија и Белорусија планираат заеднички воени маневри
-
Над 15 000 ученици ќе полагаат државна матура, најголем интерес и годинава за тестот по англиски јазик
-
Променливо облачно, во западните делови повремен локален дожд
-
Ватикан: Исходот од преговорите во Истанбул е трагичен
-
Почина Камерунецот Кунде
-
ФФМ го поништи натпреварот Кожув – Башкими, дисциплинска постапка против двата клубови