Орбан: Бриселските елити изгубиле допир со реалноста

Неколку дена откако владејачката партија на Унгарија, Фидес, на чие чело е премиерот Виктор Орбан, беше суспендирана од Европската народна партија, тој жестоко го критикуваше Брисел, пишува „Политико“.
– Бриселските политичари живеат во балон. Создаваат бриселска бирократска елита која загубила допир со реалноста, рече Орбан.
Според „Политико“, Орбан во интервју за едно унгарско радио им порачал на граѓаните да гласаат за Фидес на изборите за Европски парламент во мај и на тој начин да му покажат на Брисел дека во Унгарија се случува само она што сака унгарскиот народ.
– Луѓето во Брисел се малку лути на нас затоа што на почетокот од изборната кампања почнавме со информативна кампања која ги разоткри махинациите на Брисел. Не би требало да се предадеме, не би требало да се плашиме само затоа што нашиот противник се жалеше и не нападна како некој чија агенда е разоткриена, рече Орбан.
Ново на Сител
-

Групна тепачка на млади девојки на подрачјето на Карпош, употребени и тврди предмети
-

65-годишен маж пронајден починат во лифт во објект на Бит Пазар
-

Кривична за лице од скопско, неовластено влегувал во воени објекти и правел скици од истите
-

На различни локации во Скопје уапсени 7 дилери на дрога, меѓу нив 18-годишна девојка
-

Николоски: За 40 отсто е зголемена изградбата на автопатите
-

Кумановец со мопед возел во спротивна насока - уапсени 10 возачи за безобѕирно управување возило
-

Од вторник облачно со врнежи од дожд
-

Јавниот автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
