Орав: Партиите што поскоро да договорат решение за кризата

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија Аиво Орав и амбасадорите од земјите членки на Унијата денеска изразија сериозна загриженост за ситуацијата во Македонија поради немањето прогрес во имплементацијата на Пржинскиот договор и ја нагласија потребата од изнаоѓање решение за политчката криза во следните деновви.
- Помина повеќе од месец дена откако Парламентот повторно заседава. За жал, не видовме многу прогрес во адресирањето на длабоката политичка криза во која се наоѓа земјата. ЕУ е сериозно загрижена за ситуацијата, изјави амбасадорот Орав.
Тој нагласи дека тие се обединети за потребата политичкото лидерство во земјата да се ангажира во отворен дијалог.
- Партиите мора да постигнат согласност за патот напред во имплементацијата на Договорот од Пржино од 2015 година вклучувајќи и креирање услови за кредибилни избори, рече амбасадорот Орав.
Шефот на Делегацијата на ЕУ се осврна и на владеењето на правото во државата, кое според него, во изминатите месеци се соочило со натамошни предизвици вклучувајќи ја и амнестијата од претседателот на државата. Тој нагласи дека владеењето на правото е фундаментално за силно демократско општество. Затоа, рече, од клучно значење е да се имплементираат итните реформски приоритети предложени од Европската комисија.
- Остануваме загрижени за предизвиците со кои се соочува во својата работа специјалниот обвинител. Ги повикуваме сите тела и особено сите страни кои се согласија да се воспостави специјалниот обвинител да престанат со попречувањата и наместо тоа целосно да ја поддржат неговата работа. Дополнително, сите прашања со кои се соочува оваа институција исто така мора да бидат адресирани како приоритетни прашања, рече Орав.
Тој на крајот подвлече дека Пржинскиот договор останува единствениот пат за излез на земјата од политичката криза.
- Демократијата се зајакнува преку целосно учество во институциите за да се обезбеди нивно демократско функционирање и поголема контрола. Потсетуваме дека рамката од Пржино останува најдобриот пат за излез на земјата од постојната криза. Веруваме дека е во интерес на оваа земја и нејзиниот евроатлантски пат главните политички партии да се согласат за решение за излез од кризата во следните неколку дена отколку во следните недели или месеци, порача амбасадорот Аиво Орав.
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
