Општините ќе учат како повеќе да ги користат европските пари | Сител Телевизија
Бизнис
15. May 2018 - 19:40

Општините ќе учат како повеќе да ги користат европските пари

Општините да аплицираат за парите од европските фондови, порача словенечкиот амабасадор. Јазбец вели дека локалните самоуправи многу лесно може да ги реализираат малите проекти во областа на комуналиите, инфраструкрурата и екологијата за кои ЕУ доделува до 50 000 евра. Од друга страна и искористеноста во аграрот е многу мала. Интерес има, но нема доволно знаење и информации како да се направат добри проекти. Потребна е конкретна помош од надлежните институции на терен. Тим од експерти од Словенија ќе помага да се подобри апсорпцијата на парите во земјава.

Од Платежната агенција велат дека веќе ги детектирале проблемите и работат на нивното решавање. Владата ги поедноставува процедурите за аплицирање а агенцијата се екипира со кадри кои ќе помогнат да се подобри искористеноста. Во јули ќе излезе вториот јавен повик за парите од ИПАРД 2 програмата.

До сега од ИПАРД 2 се потпишани само 100 договори во вредност од 4,6 милиони евра. До 2020 земјава има на располагање вкупно 80 милиони.