Општина Зрновци започна со изградбата на стационар за бездомни кучиња
Во Општина Зрновци почна да се гради стационар за кучиња кој ќе биде лоциран во кругот на фабриката за селектирање комунален отпад во Зрновци. Ќе зафаќа површина од околу 100 метри квадратни и во него ќе бидат лоцирани четири боксови за сместување на кучињата, а истовремено стационарот ќе нуди и третман на заловените кучиња. Истретираните здрави кучиња ќе можат и да се вдомат.
Градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков информира дека со средства од Општината е набавена оградната мрежа, а се подготвуваат и боксовите за сместување на кучињата. Од општината најавуваат и ангажирање на фирма која стручно ќе се грижи за заловување на кучињата скитници и нивно третирање.
Група младинци од Кочани и Зрновци, кои целосно го поддржуваат градоначалникот Станков за идејата за изградба на стационар ќе помагаат во третирањето и хранењето на кучињата.
Ново на Сител
-
М. Брод останува една од најеколошките општини - повторно целосно возобновена пречистителната станица
-
Доцнат дрвата за огрев за штипските пензионери
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила