Општина Велес ги заштити градските дрвја

Општина Велес забрани на дрвјата на јавните површини низ градот да се лепат плакати, некролози и да се поставуваат електрични инсталации, метални држачи, рекламен и пропаганден материјал, предмети, шајки, како и лепак, бои, вар и слично, за да не се предизвикаат оштетувања, заболувања или нагрдувања на дрвјата.
Како што информираат од Општината, забраната е во согласност со новата одлука за управување со зеленило на територијата на Велес, што стапи на сила на 27 јуни.
Тие информираа дека ЈКП „Дервен“ континуирано ќе врши отстранување на сите материјали и предмети од дрвјата.
Од Општина Велес ги повикуваат граѓаните да не поставуваат некролози и други материјали на дрвјата за да се создадат услови за подобар развој на зеленилото и така да придонесат за заштита на урбаното зеленило за сите генерации.
Тие воедно ги известуваат сите физички и правни лица дека не е дозволено какво било сечење и кастрење на зеленилото на јавните површини и во приватен имот без дозвола.
Воедно информираат дека во есенскиот период при создавање поволни услови ќе спроведат акција за садење на високи дрвја на сите слободни места во градот и околината.
Ново на Сител
-

Можна ли е ескалација по пресудата на судот во Хаг?
-

Вучиќ очекува посеопфатна одговорност за злосторствата
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор по безбедност
-

Марш на ангелите
-

Вкупно 81 година затвор за поранешното раководство на ОВК, илјадници граѓани револтирани ја дочекаа пресудата
-

Пресудата за четворицата поранешни лидери на ОВК предизвика реакции во регионот
-

Фон дер Лајен: Нови патокази за Западен Балкан, без отстапки од вредностите
-

Савески: Ако има основи, Обвинителството ќе постапува
