Општина Василево асфалтира улица во Нова Маала

Во населеното место Нова Маала денеска почна асфалтирањето улица во должина од 400 метри и ширина од 4 метри. Средствата за асфалтирање на улицата која започнува од спојот со постојната, веќе асфалтирана главна улица во селото, во висина од 5.200.000 денари се обезбедени со кредит обезбеден од Светска банка преку Министерството за финансии од Проектот за подобрување на општинските услуги.
- Оваа е една од улиците која беше ветена пред граѓаните за тековната градежна сезона. Од страната изграден е канал во широчинана од еден метар за прибирање на атмосферските води, како и пешачки патеки, односно тротоари од двете страни на улицата во ширина од по половина до еден метар, зависно од условите на терен, изјави градоначалникот на општина Василево Ванчо Стојанов.
Изведувач на работите е градежната компанија Универзал градба.
Според градоначалникот Стојанов, оваа улица како и улицата во населеното место Пиперево која исто така е во изградба целосно ќе бидат завршени до почетокот на идниот месец.
Ново на Сител
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
