Општина Струмица го напушта ЗЕЛС
Општина Струмица ја напушта Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), а според пишувањата на дел од медиумите, тоа ќе го стори и градоначалникот на Карпош.
Ваквиот потег го најави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов во објава на Фејсбук каде наведе дека ќе спреми и официјален допис до ЗЕЛС.
-ЗЕЛС не ја заслужува партиципацијата на Струмица. Го напуштаме ЗЕЛС, со целата одговорност, обиди за соработка, партнерски однос, доволно е.
Филозофија без прагма, штета за која ја плаќаат граѓаните! Ова е еден од најголемите скандали во Европа за повреда на човековите права, за уставните права и слободи. За мојата Струмица, компромиси немало, нема и нема да има! Нека ви е со среќа, напиша Костадинов.
Претходно, во објава на Фејсбук, Костадинов напиша дека одговорно тврди дека водата во Струмица е исправна и посочи дека се врши притисок од страна на министерот за земјоделство врз инспектори и вработени во Институтот за јавно здравје за да не ги кажуваат јавно резултатите.
-Борбата против Струмица продолжува, чекаа, калкулираа и денес преку медиуми се научивме дека не ни даваат решение за водата. Одговорно тврдам, а потврда за тоа ќе бидат резултатите кои утре повторно ќе бидат објавени, дека водата е исправна и хемиско физичкиот состав и микробиолошки. Решивте на грбот на народот да правите политика, скапо ќе плати некој за оваа фашистичка операција врз Струмица и струмичани. Наскоро вистината и за водата но и за сите притисоци, врз инспектори, врз вработени во ИЈЗ само да не се кажуваат јавно резултатите оти истите не се во прилог на политиката на Цветан Трипуновски, стои во вчерашната објава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
75 години Танец
-
Средби и стратегија за пласман пред, а не за време на сезоната бараат земјоделците
-
Водата во Скопје по санацијата е безбедна за користење покажаа испитувањата
-
“Беланоца” криела гранати и ТНТ под земја и во објекти во Арачиново
-
Каде е Груби? Политичките препукувања продолжуваат
-
40 отсто од граѓаните задоволни од Мицкоски, СДСМ вели анкетата е лажна
-
Опозицијата обвинува дека новогодишната кошница нема ефект, власта го тврди спротивното