Општина Струга распиша јавен повик за иницијативи за урбанистички планови
Општина Струга денеска распиша јавен повик за доставување иницијативи за изработка на урбанистички планови.
Заинтересираните физички и правни лица, како што е наведено во повикот, треба да достават иницијативи за изработка на урбанистички планови во периодот од 1 октомври до 1 ноември годинава.
Предмет на иницијативите може да биде донесување на нов урбанистички план или измена и дополнување на постоечки, како и урбанистичкио-планска документација со конкретен предлог од поднесителот.
- Заинтересираните правни и физички лица иницијативите да ги достават во писмена форма преку архивата на Општина Струга или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во определениот рок. За сите прифатени иницијативи поднесителите ќе бидат информирани во рок од 15 дена од истекот на рокот за поднесување на, стои во повикот на Општина Струга.
Прифатените иницијативи, според јавниот повик, ќе бидат вметнати во програмата за изработка на урбанистички планови на Општина Струга за 2018 година. Средствата за изготвување на потребната документација треба да се обезбедат од поднесителите на иницијативите.
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар