Општина Штип ги повика земјоделците да ги пријават штетите од студот
Општина Штип денеска ги повика граѓаните кои имаат претрпено штети на земјоделските култури како последица на ниските темперетури да ги пријават штетите во општината. Портпаролот на општина Штип, Драган Ристов вели дека земјоделците штетите на земјоделските култури можат да ги пријавуваат од денеска до петок.
- Пријавата може да се подигне од Центарот за информирање на граѓани на шалтер број 1, кое потоа се пополнува и се доставува до архивата на општината. Освен пријавата, потребно е да се достави и копии од лична карта, транскациска сметка, документ за сопственост и изјава за неосигурен имот. Комисијата веќе од утре, по доставување на првите пријави ќе излегува на терен и ќе уврши увид. Рокот за пријавување е од денес до петок, но општината ќе овозможи доставување на пријавите најдоцна до идниот вторник за оние што имаат потреба од повеќе време за да си ја комплетираат документацијата, рече Ристов.
Комисијата за проценка на штети е формирана во 2009 година од страна на Советот и при секое невреме излегува на лице место и прави увид во поднесените пријави за штета. Според процедурата, комисијата изготвува елаборат и го доставува до Советот, кој по усвојување се испраќа на разгледување и одлучување до Владата на Р. Македонија.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување