Општина Штип доби два милиони денари од продажба на парцели
Во буџетот на Општина Штип се инкасирани два милиони денари од последната продажба на градежно земјиште за изградба на индивидуални куќи и стопански објекти соопшти денеска портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов.
- Од понудените 20 градежни парцели на јавната електронска аукција продадени се девет парцели, од кои седум се за индивидуални куќи во населба „Дузлак“ и уште две парцели за индустрија. Со продажбата на седумте парцели за индивидуално домување продадени се и сите парцели за куќи вкупно 53, што беа предвидени на локацијата меѓу населбите „Дузлак“ и „Баби“, рече Ристов.
Тој истакна дека веќе се работи на изготвување нова урбанистичка документација за нови локации за продажба на парцели за куќи, а кои ќе бидат наменети и за проектот на Владата „Купи куќа, купи стан“ за млади брачни парови.
Ова е последната продажба во 2016 година која Општина Штип ја спроведе, бидејќи поради предвремените парламентарни избори не може да се врши продажба на градежно неизградено земјиште.
Ново на Сител
-
Светските лидери пристигнуваат на идниот самит во рамките на Генералното собрание на ОН
-
Николовски: Цариниците ќе добијат 60 боди камери од САД
-
Пронајдена дрога при претрес во дом на 40 годишен жител на Штип
-
Почнува есента
-
Неверојатни сцени на Вембли - Дубоа го нокаутираше Џошуа | ВИДЕО
-
Трамп смета дека е предоцна за уште едно телевизиско соочување со Харис
-
Следната недела во Њујорк самит за успорување на климатските промени
-
Про-ирански групи во Ирак презедоа одговорност за напад со беспилотно летало врз Израел