-->
-->
Општина Ресен доби ново возило за изнесување отпад
-->
Ново возило за изнесување цврст отпад денеска доби ЈКП Пролетер во Ресен, како дел од компонентата на проектот за зголемување на капацитетот на ова јавно комунално претпријатие.
Возилото е обезбедено преку проектот за Заштита на Преспанското Езеро спроведуван од страна на УНДП и Општина Ресен, а со донаторски средства од Швајцарската Агенција за соработка
Возилото за транспорт на цврст отпад е со зафатнина од шест метра кубни и пред се, е наменето за опслужување на домаќинства во делови од населбите каде улиците се тесни. Вредноста на возилото е 3,8 милиони денари
Изразувајќи благодарност кон донаторот, Швајцарската агенција за соработка, градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски истакна дека ова возило ќе помогне кон амортизирање на состојбата во летниот период за време на летната туристичка сезона кога е зголемена потребата од изнесување и транспорт на отпад.
Преку истиот проект, претходно Општина Ресен за ЈКП Пролетер набави и друга дополнителна техничка опрема за зголемување на оперативна моќ на ресенското комунално претпријатие.
Прокетот за заштита на Преспанското езеро, покрај компонентата за поддршка во управувањето со отпад има компоненти и во делот на управување со водите, земјоделството, компостирање, едукација и грантирање за фармери, а се спроведува од 2012 година со средства во вредност од 6,5 милиони франци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајдено исчезнатото лице од Дорфулија со помош на специјалните единици
-
Тројца морнари загинаа во несреќа на траект во Хрватска
-
Почна протест пред Владата на Србија поради изречени затворски казни на лица од вчерашните протести
-
Владата не се откажува од распуштањето на РСС и Советот на обвинители
-
Реакции во Србија по вчерашниот голем протест во Белград против ископ на литиум
-
Стартува 33 прволигашка сезона во македонскиот фудбал
-
Киев: Упадот на руска територија има за цел да ја дестабилизира Москва
-
Вучевиќ: Секој има право нa собир, но насилство не е дозволено