Македонија
8. April 2017 - 16:56

Општина Пробиштип организира бесплатни курсеви по англиски јазик

Бесплатни курсеви по англиски јазик за возрасни лица организира општина Пробиштип. Курсевите ќе почнат кон средината на месецов, а ќе траат од три до четири месеци.

Досега за изучување на англиски јазик се пријавиле над 40 граѓани, а групите ќе се формираат според тоа, колку вкупно лица ќе се пријават.

Раководителот на Одделението за Локален економски развој во општина Пробиштип, Ирена Бошкова изјави дека огласот веќе е во тек, а годинава новина е што часовите по англиски јазик ќе ги држи волонтер од Мировниот корпус.

- Веќе ги имаме подготвено програмите за работа, односно ги имаме подготвено сите часови. Имаме пуштено оглас, кој е јавен и сите заинтересирани возрасни лица од 18 години, па натаму можат слободно да се пријавуваат во општина Пробиштип. Ние сме спремни да ги формираме групите и бројот не е ограничен, додаде Бошкова.

Ново на Сител