Општина Пробиштип организира бесплатни курсеви по англиски јазик

Бесплатни курсеви по англиски јазик за возрасни лица организира општина Пробиштип. Курсевите ќе почнат кон средината на месецов, а ќе траат од три до четири месеци.
Досега за изучување на англиски јазик се пријавиле над 40 граѓани, а групите ќе се формираат според тоа, колку вкупно лица ќе се пријават.
Раководителот на Одделението за Локален економски развој во општина Пробиштип, Ирена Бошкова изјави дека огласот веќе е во тек, а годинава новина е што часовите по англиски јазик ќе ги држи волонтер од Мировниот корпус.
- Веќе ги имаме подготвено програмите за работа, односно ги имаме подготвено сите часови. Имаме пуштено оглас, кој е јавен и сите заинтересирани возрасни лица од 18 години, па натаму можат слободно да се пријавуваат во општина Пробиштип. Ние сме спремни да ги формираме групите и бројот не е ограничен, додаде Бошкова.
Ново на Сител
-

МВР со детали: 27-годишникот што ја уби својата мајка сам се пријавил во полиција
-

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија
-

Трамп не се противи рускиот танкер да достави 730.000 барели нафта на Куба и покрај блокадата
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
-

Без вода објектот на „ЕГТ“
-

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром по продолжение до победа над Работнички
