Македонија
11. July 2015 - 16:52

Општина Пехчево станува препознатлива по фестивалот на дувачки инструменти

Започна 5-тото јубилејно издание на фестивалот на дувачки оркестри Пехчево 2015-та, кој секоја година се одржува по повод Павловден, патронот на градот. Првиот човек на општината вели дека се подготвени да ги пречекаат сите гости од земјава и странство, а фестивалот да биде еден убав вовед во новата туристичка сезона во Малешевијата.

-Тука имаме многу гости од Бугарија, од Србија од цела Македонија и овој фестивал ни е една „отскочна даска“ за развој ана туризмот кој го планираме за во иднина- изјави Игор Поповски, градоначалник на Пехчево

По својот карактер фестивалот е уникатен во земјава, а влече корени уште од дамнешно време кога многу малешевски виртуози на народни дувачки инструменти ги искажувале своите уметнички дострели.  Пехчевскиот фестивал претставува и своевиден „филтер“, зашто прво и второ наградениот директно обезбедува учество на интернационалната програма во Гуча, каде досега се покажаа во најдобро светло.

-Во овие 4 години ги зимавме сите најголеми награди, како „златна труба “ и „најдобар оркестар- изјави проф. Васил Ристов, претседател на жири комисијата на фестивалот

На трите фестивалски денови посетителите можат да уживаат и во познатите пехчевски гурмански специјалитети и со себе да си понесат оригинални сувенири и ракотворби кои се нудат на многубројните штандови.