Македонија
29. October 2022 - 16:37

Општина Охрид најавува градежна офанзива

Општина Охрид најавува градежна офанзива во наредниот период. Градоначалникот Пецаков истакна дека моментално во градот се работи на 6 проекти на десет локации, се асфалтираат улици не само во градот туку и во околните населени места и села, се решаваат проблемите со водоснабдувањето и фекалната канализација а при крај се и градежните активности на повеќенаменско игралиште во село Велгошти.

Инаку, активностите за изградба на ново мултифункционално спортско игралиште во Велгошти започнаа минатиот месец, а се очекува да биде готово наредната недела.

Од локалната посочија дека не застануваат тука сите ветени проекти кои што се во интерес на граѓаните ќе продолжат и во иднина со несмален интензитет.