Општина Охрид ќе ги спроведе сите активности согласно законските одредби за исполнување на препораките од УНЕСКО

Општина Охрид ќе ги преземе сите активности во согласност со законските прописи, со цел да се исполнат задолженијата што Владата им ги додели на општините, за подобро и поефикасно спроведување на Препораките од Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, а се во насока на зачувување на статусот на Охридскиот регион како светско наследство.
Како што се наведува во соопштението од Локалната самоуправа, општинските надлежни служби ќе ги разгледаат законските можности во однос на владината препорака за прогласување мораториум на градежните активности до донесување на Планот за управување со природното и културно наследство.
По налог на градоначалникот Константин Георгиески во рок од десет дена ќе биде изготвен Акциски план со роковник за спроведување на препораките на УНЕСКО. Веднаш по изготвувањето, планот ќе биде ставен на дневен ред на седница на Советот на Општина Охрид.
„Во текот на целокупниот процес, Локалната самоуправа ќе биде во постојана координација и комуникација со Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Министерството за животна средина и просторно планирање, како и со останатите надлежни државни институции, а јавноста ќе биде навремено и детално информирана“, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

СЗО прогласи вонредна состојба поради епидемијата на ебола во ДР Конго и во Уганда
-

Најмалку тројца загинати при напади со дронови врз Москва и околината
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Словенија
-

Мицкоски на пуштање во употреба на нов градски пазар во Општина Виница
-

Во Виена приведени 14 луѓе поради учество во пропалестински протест
-

Бугарската пејачка Дара победи на Евровизија со песната Бангаранга
-

Променливо облачно и посвежо
-

МВР: Расчистен случајот со опасно управување скутер во Штип | ВИДЕО
