Бизнис
18. May 2016 - 10:50

Општина Новаци почна со реконструкција на локалните патишта

Општина Новаци почна со санирање на локалните или т.н. „полски“ патишта во 14 села на територијата на локалната самоуправа, за што се обезбедени 6 милиони денари, информира градоначалникот Лазар Котевски. 

- Со програмата за санација и реконструкција опфатени се полските патишта во селата Горно и Долно Агларци, Далбеговци, Новаци, Добромири, Рибарци, Гнеотино, Брод, Живојно, Бач, Гермијан, Арматуш, Мегленци и Долно Орехово, истакна Котевски.

Тој нагласи дека средствата за градежните активности се обезбедени од буџетот на општина Новаци.