Општина Неготино го поддржува протестот што ќе се одржи в сабота во чест на Фросина Кулакова

Општина Неготино го поддржува протестот што ќе се одржи в сабота во чест на Фросина Кулакова, која загина на „Партизанска“ во Скопје, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при неготинската локална самоуправа. Оттаму истакнаа дека се работи за голем протестен марш.
- Под слоганот „Стоп за сообраќајното насилство“, ќе се одржи протестен марш, ќе се бара правда за прерано згаснатиот живот на нашата сограѓанка Фросина Кулакова, но и за сите други жртви во сообраќајот. Планирано е протестот да започне во 14 часот од центарот на градот, на улицата „Маршал Тито“, кај семафорите. Учесниците на протестот ќе се движат по главната улица со крајна дестинација градските гробишта и вечното почивалиште на Фросина, појаснија од Службата за информирање при Општината.
Притоа, додадоа дека целиот настан е координиран и маршот ќе биде обезбедуван од припадници на Министерството за внатрешни работи.
- Се апелира до сите граѓани на општина Неготино, во сабота, ако не е крајно неопходно, во овој период од денот да не излегуваат со возила, бидејќи се очекува голема масовност на протестот и присуство на граѓани од цела Македонија. Доста е со жртви на улиците - ќе биде основната порака од протестот на кој ќе се побара поголема безбедност на улиците, подигнување на свеста за опасностите во сообраќајот, најстроги казни за сообраќајните насилници и одговорност од институциите, нагласија од Службата за информирање при локалната самоуправа.
Оттаму подвлекоа дека како Општина го поддржуваат протестот и активно ќе се вклучат во него.
- Воедно, ги повикувам и сите сограѓани да дојдат во сабота и да се придружат на протестот за прерано згаснатиот живот на Фросина, на Викторија и на многу други, кои не се меѓу нас, поради присутното насилство во сообраќајот и неказнивоста на извршителите на овие дела, напиша неготинскиот градоначалник Горан Стојанов на „Фејсбук“
Ново на Сител
-

Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
