Општина Куманово поднесе кривична за комплексот на УЧК во Сопот
Општина Куманово поднесе кривична пријава против организирана група НН лица поради основано сомневање за сторено кривично дело Узурпација на недвижности од член 225 став 2 од КЗ и кривично дело Бесправно градење 244-а став 1 од КЗ.
Во соопштението на општината стои дека организираната група НН лица во подолг временски период заклучно со 06.11.2023 година, ги сториле наведените кривични дела со узурпација и градба на градежна парцела, државно земјоделско земјиште КП бр.963 КО Сопот, запишана во Имотен лист бр. 117 и на истата покрај узурпација, изградиле објект со функција Музеј – Меморијален центар.
-Кривичната пријава заедно со сите обезбедени наводи и докази со коишто Општината располага е поднесена до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основно јавно обвинителство Куманово и МВР-СВР Куманово, за нивно понатамошно постапување, велат од општината раководена од градоначалникот Максим Димитриевски.
Во меѓувреме, повеќе го нема спомен-обележјето на кое беше прикажана карта на „Голема Албанија“ пред комплексот на УЧК. Не е јасно кога е отстранет споменикот чија фотографија беше објавена на 4-ти ноември на церемонија со одбележување на масовна погибија на жители на Сопот во Втората светска војна.
Димитриевски претходно најави дека испратил инспектори кои утврдиле дека општината нема дадено дозвола за градба. Бидејќи нема инвеститор, пријава во Обвинителство ќе биде против непознат сторител.
Премиерот Димитар Ковачевски вчера изјави дека комплексот бил отворен на приватен имот и дека со право граѓаните реагираат. Според него, ваквиот потег е задоцнет 145 години.
Ново на Сител
-
Хрватската опозиција на седница на Саборот остро го критикува премиерот Пленковиќ поради корупциската афера „Берош-Петрач“
-
Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување
-
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
-
УНИЦЕФ: Во последните два месеца во Либан се убиени над 200 деца, а 1.100 се повредени
-
За 51% помалку пари за чист воздух во Буџетот - Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат
-
Опозициски пратеници и советници ја блокираа зградата на судот во Нови Сад
-
Јаневска: Наредната година 30 милиони евра за студентски стандард, ќе се решат лошите услови во Студентскиот дом „Пелагонија“
-
Старец загина во пожар во неговата куќа во Желино