Македонија
6. August 2019 - 12:06

Општина Куманово објави јавен повик за невработените за вклучување во проектот „Локална прегратка“

Општина Куманово денеска објави јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во програмата Општинско – корисна работа што и годинава се спроведува во соработка на Агенцијата за вработување и УНДП.

Вкупно 23 невработени лица можат да се вклучат во програмата преку проектот „Локална прегратка 2“ при што наредните девет месеци, почнувајќи од први септември, ќе бидат ангажирани по дваесет работни часа неделно, без да го изгубат статусот невработено лице и ќе добиваат по 9.000 денари месечно. Целни групи кои се опфатени во програмата се долгорочно невработени лица, млади до 29 години и постари лица од 50 години, лица корисници на паричен надомест, лица со попреченост, жени припадници на ромска етничка заедница, самохрани родители, родители на деца со пречки во развој, родители  на три и повеќе деца…

Во повикот се опфатени работни позиции ментори за музички, за спортски активности, образовни асистенти, координатор за родители, асистенти за стари лица кои ќе понудат поддршка за корисниците на двата дневни центри за лица со интелектуална попреченост, за ученици со попреченост и ќе им помогнат преку спортски, музички активности да се стекнат со  вештини за полесна инклузија.

Дел од ангажираните ќе им помагаат на старите лица преку развивање форма, сервис за стари лица во домашни услови.