Општина Кратово: Локалитетот „Куклица“ е узурпиран, се чека правосилна судска одлука
Граѓани на социјалните мрежи реагираа за незаконска наплата при посета на локалитетот „Куклица“, што повторно ја актуализира темата за начинот на негово управување и користење.
По ваквите реакции во јавноста, Општина Кратово излезе со соопштение со кое ја информира јавноста за состојбата, правните постапки и ограничувањата со кои се соочува во врска со надзорот и постапувањето на локалитетот, повикувајќи се на тековни судски и институционални процеси.
„Во врска со официјалното соопштение од 24.06.2025 година на Општина Кратово, а во насока на целосно транспарентно и објективно информирање на јавноста, уште еднаш ја известуваме јавноста дека Општина Кратово и Градоначалникот се спречени да постапуваат согласно член 7 од Законот за прогласување на локалитетот „Куклица“ за споменик на природата (Службен весник на РМ бр. 103/08), односно да се грижат, чуваат, одржуваат и навремено да ги преземаат пропишаните техничко-заштитни и други мерки.
Причината за ова е фактот што подолг временски период локалитетот е бесправно и неосновано узурпиран и држан во владение од страна на Здружение „Извор“ – Кратово, одговорното лице Милош Димитровски, како и неговата ќерка Стојна Димитровска Боотх. Наведените лица вршат неосновано и бесправно управување со просторот, присвојување на права кои не им припаѓаат, како и противправно збогатување преку неовластена наплата на влезници од посетители и туристи.
Дополнително, истите лица вршат сериозно загрозување на сигурноста и безбедноста на посетителите преку заплашување, лажно претставување, насилничко однесување и заплашување со кучиња.
Во оваа насока, Општина Кратово веќе обезбеди првостепена судска пресуда П1 бр. 7/2025 од 12.03.2026 година, со која тужените Стојна Димитровска Боотх, Милош Димитровски и Здружение „Извор“ – Кратово се задолжуваат да го предадат во владение на тужителот – Општинска установа „Музеј на град Кратово“ предметниот објект со утврдени мерки и граници, како и дрвената куќичка – брвнара, и да го ослободат просторот од сите предмети и ствари, во рок од 15 дена од денот на правосилноста на пресудата.
Пресудата е обжалена и во моментов се наоѓа на второстепена судска инстанца. По нејзината правосилност, Општина Кратово очекува нејзино брзо и ефикасно спроведување преку овластени извршители и со поддршка на надлежните државни органи, вклучително и Министерството за внатрешни работи.
Покрај наведената парнична постапка, Општина Кратово има поднесено и повеќе кривични пријави (К.бр. 22/2026 и К.бр. 7/2027) за кривично дело узурпација на недвижности кои се уште се во работа пред надлежното обвинителство, како и голем број на пријави и писмени поднесоци до надлежни институции, меѓу кои Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, каде огромен број на претставки има пратено и од страна на голем број оштетени граѓани. Меѓутоа за жал до овој момент, немаме добиено позитивни информации за се превземени конкртни активности туку одредени паушални констатации .
Општина Кратово останува посветена на заштита на јавниот интерес, законитото управување со природното наследство и безбедноста на граѓаните и посетителите во рамките на своите надлежности но секако очекува поголема вклученост и ажурност и од други овластени институции!“, стои во соопштението на општината.
Ново на Сител
-

Се реализираат активности за враќање на редот и достоинството на главниот град - велат од Град Скопје
-

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
-

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари
-

Работник на гостиварски Комуналец починал откако заглавил во канал за вода
