Општина Кисела Вода уриваше дивоградба во населбата 11 Октомври

Општина Кисела Вода денеска уриваше дивоградба во населбата „11 Октомври“ по донесено решение за отстранување на објект кој не поседува соодветни технички акти. Станува збор за поранешен деловен објект во сопственост на ГП „Пелагонија 5 – Градилиште механизација“ во стечај, за кој не постои потребната техничка документација и кој никогаш не бил евидентиран во Агенцијата за катастар, информираат од локалната самоуправа.
-Општина Кисела Вода ќе работи исклучиво законски, почитувајќи ги сите закони и правила. Нема да има двојни стандарди за никого и нема да дозволиме прекршување на било каков закон. Законите мора да важат подеднакво за сите. Во мојот мандат ќе se залагам за работење исклучиво според право и правда, изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска, посочувајќи дека институцијата ќе постапува одговорно за сите случаи каде ќе се утврдат нерегуларности во однос на објекти на територијата на општината.
За секој објект кај кој ќе се утврдат неправилности, нагласи, ќе биде издадено решение за отстранување.
-Тоа е единствениот начин да воспоставиме ред и правичност и да го заштитиме јавниот интерес, посочи Стаменкоска Трајкоска.
МИА
Ново на Сител
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
-

Облачно и студено, од вторник кон крајот на денот врнежи од снег
-

Обвинение за помагачите на бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена во Капиштец
-

Претрес во викендица во село Војник, пронајден пиштол и други предмети
-

Кузмановски: Данска беше добар тест за претстојниот дуел со Португалија
