Општина Кисела Вода досега легализираше 5080 дивоградби
Општина Кисела Вода продолжува со процесот на легализација на дивоизградените објекти. Денеска нови 50 семејства се стекнаа со документ со кој станаа реални сопственици на својот дивоизграден објект. Од досега поднесените 13853 барања за легализација, бројот на легализирани бесправно изградени објекти заклучно со денешниот ден се искачи на 5080.
Со тоа, оваа локална самоуправа направи уште еден чекор во насока на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа.
Претставува можност за изготвување на нови детални урбанистички планови, со што се дава шанса за изградба на нови објекти и проширување и реконструкција на постоечките.
Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент, изнесува 3891. Исто така, изготвени се уште 267 урбанистички согласности, од кои, за 205 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка