Општина Кичево ќе подели 100 таблети за ученици од ранливи категории семејства
Општина Кичево информираше дека ќе подели 100 таблети на ученици од ранливи категории семејства, кои се донација на компанијата „Еколог интернационал“.
Таблетите ќе бидат поделени на сите училишта на пропорционален начин, а понатаму на директорите на училиштата ќе ги дистирбуираат таблетите на децата кои припаѓаат на социјално ранливи групи, посочија од кичевската локална самоуправа.
Проектот има за цел да им излезе во пресрет на учениците, кои имаат потреба за дигитални уреди за онлајн наставата, информира „Еколог Интернационал“, посочувајќи дека поделила илјадници таблети низ целата држава.
Општина Кичево по приемот на донација преку соопштение изрази благодарност до оваа компанија.
– „Еколог“ како и секогаш, продолжува со одгледување вредности за одржлив развој на нашето општество, во сите сфери. Во оваа прилика, Општина Кичево изразува длабока благодарност за донацијата што ја добивме од компанијата, гигантот „Еколог“, со желба персоналот и основачот Лазим Дестани прво да имаат добро здравје и да ги следи добро во секој чекор од животот, се вели во соопштението на општина Кичево упатено до јавноста.
Во наредните денови, електронските уреди ќе бидат дистрибуирани до сите сиромашни ученици и до сите социјално загрозени семејства.
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
