Општина Кавадарци го објави конкурсот за наградата „7 Септември”

По повод „7 Септември”, Денот на ослободувањето на Кавадарци, кавадаречката локална самоуправа објавува конкурс за доделување на највисокото општинско признание.
- Наградата „7 Септември“ се доделува на физички и на правни лица за остварувања во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, за посебен придонес за развојот на општината и нејзиниот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот, појаснуваат од Службата за односи со јавноста при локалната самоуправа.
На ученици и студенти, наградата се доделува за творечки труд или континуирани, успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности.
Наградата за физички и правни лица се состои од диплома и плакета.
Ново на Сител
-

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на ДКСК Ристовска
-

СДСМ: Случајот Груби е режија
-

ССМ ја напушти седницата на економско социјалниот совет
-

ДКСК: Финишира предметот за Цвета Ристова
-

Калиманци полна, стартува наводнителната сезона во Кочанско
-

Аерозагадувањето проблем и во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
