Општина Карпош во 2019 година со буџет од околу 14,8 милиони евра
Општина Карпош во 2019 година ќе стартува со буџет од околу 911 милиони денари, или приближно 14,8 милиони евра, што во споредба со последниот ребалансиран е помал за 477,6 милиони денари или 7,7 милиони евра.
Од општината наведуваат дека била постигната согласност оти буџетот е скроен во „реални рамки“.
– Имено, рационализацијата на буџетот дојде по дополнувањето на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа што го изготви Министерството за финансии, со што на единиците на локалната самоуправа им се стави ограничување на зголемување на буџетите најмногу до 10 отсто од просечно остварените приходи во последните три години.
Градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев истакна дека и покрај тоа што се стартува со „штедлив“ буџет, вратите за капитални инвестиции во општината не се затворени.
– Напротив, општинската администрација ќе работи и веќе работи на подготовка на проекти за улици и патишта, за изградба на фекална и атмосферска канализација, кои очекуваме, во целост да се финансираат од Владата, нагласи Богоев.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп