Македонија
16. July 2015 - 16:46

Општина Илинден ќе добие нова амбуланта

На почетокот на есента Миладиновци ќе добие нова амбуланта. Околу 4000 жители од 6 населени места во општина Илинден ќе добијат современ здравствен објект. Денеска беше поставен камен темелник на амбулантата која ќе се простира на површина од 250 метри квадратни.

Во меѓувреме пациентите ќе добиваат здравствена услуга во старите бараки изградени пред околу 50 години.

Вкупната инвестиција за реазлизација на заедничкиот проект на министерството, Задравствен дом и општина Илинден изнесува околу 14 милиони денари.

Од општина Илинден најавија дека наскоро приватен инвеститор ќе почне изградба на уште еден поголем здравствен објект кој ќе се простира на површина од 4000 метри квадратни.