Општина Илинден го имплементира ISO 9001:2008 стандардот
Во насока на имплементирање на ефикасни јавни услуги за потребите на граѓаните и стопанството, општина во своето работење го спроведува стандардот ISO 9001:2008.
Овој меѓународен сертификат за имплементација на Системот за менаџмент за квалитет, потенцираат од општина Илинден, се однесува во делот на извршување услуги во надлежност на локалната самоуправа, што општината, како една од првите општини во Република Македонија, го доби на 28 јули 2010 година.
Со имплементирањето на меѓународниот ISO стандард во работењето на, што е продолжен до 2016 година, општината овозможила создавање современа и комплетна инфраструктура и ефикасни јавни услуги за потребите на јавниот и приватниот сектор.
- Имплементирањето на ISO стандардот истовремено овозможи идентификување и навремено реализирање на потребите и очекувањата на граѓаните, со што на ефективен и ефикасен начин се реализираат, одржуваат и подобруваат општите перформанси и можности за одржлив развој на општината, посочуваат од општина Илинден.
Ново на Сител
-
Нема вода во делови од Скопје, Водовод алармира за енормна потрошувачка
-
Истражните органи бараат докази за дивоградби во Чаир, Сарај, Кисела Вода и Аеродром
-
Поради дивоградбите, Ганиу може да ја изгуби поддршката на Вреди за нов мандат
-
Поставен камен темелникот на ветерниот парк Штип, инвестиција од над 500 милиони долари
-
НБРМ ги намали надоместоците за банките, се чека тие да ги спуштат тарифите за граѓаните и фирмите
-
Висок ризик за пожари во цела држава: Како функционира Македонскиот информативен систем за шумски пожари?
-
Одложено судењето за „Адитив“, доцнеше полицискиот спровод на обвинетите
-
Камен темелник на Ветерниот парк во Штип