Општина Ѓорче Петров ќе одвои по 400.000 денари премија за ФК Македонија Ѓорче Петров 1932 и ЖРК Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров финансиски со по 400.000 денари ќе ги награди фудбалскиот клуб Македонија ЃП и женскиот ракометен клуб Ѓорче Петров.
– ФК Македонија Ѓорче Петров 1932 и женскиот ракометен клуб Ѓорче Петров се годинешните најтрофејни спортски колективи во нашата општина, но и во Република Македонија.
ЖРК Ѓорче Петров по втор пат е освојувач на сениорската женска ракометна лига и со тоа ја одбрани минатогодишната титула првак на Македонија. Ѓорче Петров и во минатото беше синоним за ракомет и ракометни успеси, а овие девојки тоа го потврдуваат.
ФК Македонија Ѓорче Петров втора година по ред е освојувач на Купот на Република Македонија, со што покажува дека клубот сериозно работи и вложува во младинските категории, но и во првиот состав кој оваа година на пенали во финалето на Купот на Македонија ја совлада екипата на Струга Трим Лум, стои во соопштението на скопската општина.
Во општина Ѓорче Петров веќе е подготвен и јавниот повик за спортските клубови и поединци за аплицирање за финансиска помош.
-Во најскоро време ќе биде објавен на веб страната на општината, каде што ќе можат да аплицираат сите спортски колективи, но и спортисти поединци, кои имаат потреба од финансиски средства, со цел постигнување високи спортски резултати. Правилникот ќе има точно утврдени норми и успеси кои што ќе треба да бидат исполнети, за да може да се доделат финансиски средства за клубот или поединецот којшто ќе аплицира на овој повик.
Во насока на издигнување и развој на спортот во општината, како и на стимулација на младите генерации да спортуваат и да прераснат во врвни спортисти, општината им овозможи на ФК Вардар и ФК Волково бесплатно да го користат фудбалскиот терен во Волково, додека пак младите категории на ФК Македонија Ѓорче Петров и ФК Њу Старс бесплатно да го користат фудбалскиот терен „Mлади лавови“.
Ново на Сител
-

Со дел од раководство зад себе, Филипче на прес конференција остро ја нападна Платформата 12.05
-

Мицкоски: Нема да прифатиме процес со нови вета и уцени на патот кон ЕУ
-

Пратеници предложите “соби за пушење” во новиот закон, а министерството за здравство не прифаќа
-

Корупцијата во нашето здравство е толку многу инкорпорирана што граѓаните и не ја препознаваат
-

Македонија стана полноправна членка на Светската организација на земји производители на тутун
-

Тема на денот со Славјанка Петровска, пратеничка
-

Анализа: Амбиција за ЕУ, но и незадоволство од процесот во говорот на Мицкоски
-

Вајц: Напредокот и е потребен на Македонија без разлика дали ќе сакате да се приклучите во ЕУ
