Општина Гевгелија најави решавање на проблемот со јавните површини пред зградите
Јавните површини пред станбените згради во Гевгелија во последно време се узурпираат за поставување гаражи кои најмалку се користат за нивната намена, велат од одделението за урбанизам на општина Гевгелија и појаснуваат дека токму поради тоа граѓаните се почесто реагираат и бараат нивно отстранување.
На истата појава реагираше и територијалната противпожарна единица во Гевгелија чии што возила во случај на итни интервенции тешко се пробиваат до зградите заради непристапноста од новопоставените лимени гаражи.
Брзо решавање на проблемот од надлежните служби денеска побара градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов, кој инсистираше во најкус рок инспекторите да извршат увид на состојбата на теренот, да го утврдат бројот на поставените гаражи и каква е нивната намена пред се поради фактот дека немаат одобрение за времени објекти.
По контролата, нагласи Франгов, општината ќе преземе соодветни мерки утврдени со закон и ќе го реши проблемот.
Ново на Сител
-
Утре ден на жалост во Загреб
-
Посебен режим на сообраќајот од утре до понеделник во Скопје
-
Нема кривично дело во дејствијата за кои се обвинува, смета одбраната на Артан Груби
-
Просечната нето плата во октомври 42 134 денари
-
Погодена македонската амбасада во рускиот ракетен напад врз Киев
-
Траги од Велибор Манев пронајдени на лепливата лента на устата на Вања
-
Вања била убиена клечејќи на колена со еден куршум во глава одзади грб, грозоморни детали
-
Едно дете загина при нападот со нож во училиште во Загреб