Општина Гази Баба: Санкции за непочитување на Законот за домување
За поуспешно следење и почитување на Законот за домување и прописите донесени со него општина Гази Баба информира дека има вработено инспектор за домување и најавува дека сите утврдени неправилности и прекршувања на прописите на Законот ќе бидат соодветно санкционирани.
- Инспекторот има право да врши надзор над станбени, станбено-деловни и деловно–станбените згради, односно да внимава дали управувањето со нив се врши согласно одредбите од Законот за домување и прописите донесени врз основа на тој закон, дали се почитуваат пропишаните норми и стандарди за домување и дали се утврдени закупничките односи, согласно со овој закон, соопшти денеска Општина Гази Баба.
Според Законот, појаснуваат, работите на управување со станбените згради, односно следење и спроведување на одлуките донесени од собирот на сопствениците на посебните делови во зградата, застапување во правниот промет и во постапките пред надлежните органи со цел функционирање, одржување и зачувување на заедничките делови на станбената зграда, може да ги врши управител или заедница на сопственици.
Доколку сопствениците на посебните делови не определат управител или не регистрираат заедница на сопственици, управителот ќе го определува судот за вонпарнична постапка на предлог на кој било од сопствениците на посебните делови.
Општина Гази Баба за своето подрачје востанови и води регистар на станбени згради и станови и регистар на управители на станбени згради. Податоците кои се потребни за водење на регистарот на станбени згради на барање на инспекторот за домување ги доставува управителот, заедницата на сопственици или сопствениците на посебни делови. Сите утврдени неправилности и прекршувања на прописите на Законот за домување ќе бидат соодветно санкционирани согласно овој Закон, се вели во соопштението од Општина Гази Баба.
Ново на Сител
-
Тошковски: Безбедносната состојба е стабилна
-
Анализа: Како техонологијата може да ви го спаси животот
-
Србија не се смирува, протестите продолжуваат
-
ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија
-
Веќе пет дена гори депонијата кај Прилеп
-
Штипска Онкологија има недостаток од кадар и просторни услови
-
Мицкоски во касарната ,,Гоце Делчев"
-
Преглед на вестите од светот