Општина Демир Хисар се вклучи во акцијата „Часот на планетата Земја“

Општина Демир Хисар ја поддржа и се вклучи во акцијата „Часот на планетата Земја“.
Од секторот за односи со јавност на општина Демир Хисар информираат дека синоќа, точно во 20.30 часот, биле исклучени светилките во градот, а во Спомен паркот „Тоше Проески“ се одржал еко-час.
- Општина Демир Хисар се вклучи во акцијата „Часот на планетата Земја“ која освен локалната самоуправа предводена од градоначалникот Марјанче Стојановски, ја поддржаа Општинската организација на Црвен Крст, претставници на јавните претпријатија, локални јавни институции и граѓани. Согласно интернационалните препораки и ние во 20.30 часот го исклучивме осветлувањето во општината, а во спомен паркот запаливме свеќи кои го симболизираа бројот 60+, соопшти Даниел Станојоски, портпарол на општина Демир Хисар.
Во текот на вчерашниот ден, на 5 минути до 12 часот, во спомен паркот „Тоше Проески“, претставници на општината во соработка со здружението за заштита на животната средина „Часот на планетата Земја“ и општинската организација на Црвен Крст-Демир Хисар засадуваа дрвца.
Ново на Сител
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
-

Обложувалниците против новиот закон
-

Крај на учебната 2025/2026 година и почеток на летниот распуст
-

Телеком донира опрема за училишта
-

Клековски: Прво да се зајакнат регионалните болници па да се направи анализа дали треба нов Клинички
-

ДЗС бара луѓе за летна борба со пожари, плата 44 илјади денари
