Општина Делчево изработува нов Генерален урбанистички план
По период од 20 години, во општина Делчево почна изработката на Генерален урбанистички план. Активностите општината ги реализира во партнерство со Владата и Агенцијата за просторно планирање, со што е предвидено решавање на сите тесни грла во досегашното урбанистичко планирање.
Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски на денешната прес-конференција го истакна значењето на изработката на овој основен документ за урбанистичко уредување и развој на градот, потенцирајќи дека ГУП претставува урбанистички устав на еден град, а врз основа на ГУП се изработуваат деталните урбанистички планови.
– Новиот ГУП ќе биде проширен и ќе опфати минимум 430 хектари површина со можност за понатамошно проширување. Со ГУП ќе се направи анализа на постоечките намени и ќе се утврдат потребите за нови намени согласно со актуелните потреби на градот, а ќе се решат и одредени критични точки. Исто така, ќе биде утврдена анализа на постоечката сообраќајна, електро, водоводна и друг вид на инфраструктура, а ќе бидат дадени и предвидувања и насоки за идниот развој. Ако потсетиме дека важноста на еден ГУП е 10 години, тогаш можете да замислете колку е значајно донесувањето на овој урбанистички план за Делчево, истакна Трајковски.
Додаде дека изработката на Генерален урбанистички план чини илјадници евра и таа е комплетно покриена од Владата на РМ и како инвестиција е влезена во Програмата за инвестиции на Агенција за планирање на просторот.
– Делчево не може да остане заробено во минатото и развојот да го потпира на стари планови. Мојата интенција е планска изградба на Делчево, решавање на урбанистичките проблеми и почитување на основните урбанистички документи кои не само што ќе ја олеснат работата во областа на урбанизмот на самата општинска администрација, туку ќе дадат чиста слика и за идните инвеститори, но и за сопствениците на индивидуални објекти. Новиот ГУП на Делчево веќе се работи, а работите треба да завршат до крајот на оваа година, додаде Трајковски.
Претходните планови на Делчево се со истечен рок. Последниот генерален урбанистички план бил изработен во 1999 година, а негова делумна измена била направена во 2008 година.
Ново на Сител
-
Снимка од дворот на Раде Штекли, ова е моментот кога експлодирала бомбата | ВИДЕО
-
УЕФА отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово
-
Владата и банкарите на средба ќе ги прецизираат условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи парите од унгарскиот заем
-
Посебен режим на сообраќај поради ноќната атлетска трка
-
Експлозии во клучните украински градови во масовен руски ракетен напад
-
Џинпинг вети дека ќе работи со владата на Трамп во неговиот последен разговор со Бајден
-
Во близина на резиденцијата на премиерот на Израел паднале две ракети
-
Состојба на патиштатa