Општина Дебар додели 300.000 денари за ублажување на последиците од пожарот во селото Горно Косоврасти
Градоначалникот на Дебар Хекуран Дука, на жителите од селото Горно Косоврасти, чии плевни со сточна храна и дел на добиток изгореа во пожар на 14 мај им предаде финансиски средства како помош за ублажување на последиците,информираа од Општината.
-По иницијатива на градоначалникот Дука, Советот на општината донесе едногласна одлука да се издвојат средства во висина од 300.000 денари како помош за оштетените семејства. Тие сега им се предадени на семејствата, за што нивни претставници на средбата со градоначалникот искажаа голема благодарност и до него и до советниците за покажаната грижа за нив, додаваат од Општината.
Во исто време Општината упатува апел до сите оние кои се во можност да го сторат тоа, поединци или фирми, да помогнат со финансиски средства или градежен материјал.
Утрото на 14 мај годинава пламените јазици пеплосаа осум плевни со се сточна храна, огревно дрво и дел од добитокот.
Причинетата штета беше околу 100 илјади евра.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток