Општина Центар урива дел од бесправно изграден објект на улица „Македонија“

Општина Центар урива бесправно дограден дел на угостителскиот објект „Бистро Македонија од Стража“ на ул. „Македонија“, постапувајќи по решение на овластен градежен инспектор.
Општината денеска соопшти дека инспекторот констатирал оти инвеститорот на угостителскиот објект без одобрение за градење изградил доградба на локалот со димензии 14 x шест метри и донел решение дел од објектот што е бесправно изграден да биде отстранет во рок од три дена.
- Бидејќи инвеститорот не постапил по решението, општина Центар пристапи кон присилно извршување на решението и уривање на дивоградбата. Трошоците за извршување на решението ќе бидат надоместени од страна на инвеститорот. Инвеститорот градел без одобрение за градење согласно член 134 од Законот за градење, се вели во соопштението од општина Центар и се нагласува дека внимателно го следат почитувањето на Законот за градење и нема да дозволат дивоградби на својата територија
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-

Преговорите за Изборниот законик пред пропаст
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
