Општина Центар: Секој месец 150 семејства во социјален ризик добиваат прехранбени пакети
Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски, во рамки на проектот „Нула глад“, денеска поделија прехранбени пакети на лица од 150 семејства со висок социјален ризик, кои живеат на територија на Центар.
Од општината соопштија дека оваа активност се спроведува по шести пат во рамки на Националната акција „Нула глад“, во соработка со здружението „Банка за храна“. Целта е, како што наведуваат, да се обезбеди храна и да се олесни секојдневието на семејствата на кои најмногу им треба помош.
Пакетите се делат секој месец на лица од семејства со висок социјален ризик. Секој пакет содржи прехранбени производи за еден месец, односно 25 до 30 оброци од пакет, посочија од општината и упатија благодарност до неколку маркети кои ја донираа храната.
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар