Македонија
8. March 2016 - 14:48

Општина Центар ќе донира средства за заштита на жените од семејно насилство

Финансиските средства за „8 Март“ предвидени за прослава, Општина Центар ќе ги донира за заштита на жените од семејно насилство, соопштија од општината.

- Наместо осмомартовско празнување по ресторани, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски донесе одлука средствата да се донираат за заштита на жените од семејно насилство, се наведува во соопштението.

Финансиска поддршка за оваа цел ќе биде донирана на две невладини организации.

Општина Центар на сите припаднички на понежниот пол им го честита Меѓународниот ден на жената.