Општина Центар и ПОЦ со поскапување на паркингот ќе го намалуваат аерозагадувањето

Од денеска за 20 денари по час ќе биде поскапо паркирањето во Центар, информираа директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ на денешната презентација на капиталните инвестиции за 2020 година на Општината.
Ова е дел од кампањата "Центар не е паркинг" со која планираат да ги дестимулирааат граѓаните да користат автомобили кога доаѓаат во центарот на градот.
Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ најави и нови 27 вендинг машини за рециклирање на шишиња кои ќе можат да ги користат само жителите од оваа општина.
За секое шише општината ќе им враќа на картичка по денар и половина. До крајот на месецов ќе биде достапна и нова мобилна апликација преку која жителите на Центар ќе можат да пријавуваат комунални проблеми во општината.
Мирјана Давидовска
Ново на Сител
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
-

Уапсен 31-годишен Мексиканец, пијан нападнал полицаец со тврд предмет во Ѓорче Петров
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
-

Утре локални врнежи и услови за невреме, до крајот на неделата посвежо
-

Две лица загинаа а три се тешко повредени во сообраќајка кај Агино Село
-

Ѓорѓиевски: На лице место фатен како создава депонија, за секоја ваква постапка нема толеранција
-

„Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
-

НАТО: Подготвени сме да одговориме на евентуална руска ескалација
