Општина Центар ги отстапи службените моторни возила за Полициската станица „Центар“
Советот на Општина Центар, на предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ, на денешната вонредна седница донесе одлука да ги даде на времено користење службените моторни возила на Полициската станица „Центар“.
Според Богдановиќ, со оваа мерка дополнително ќе се зголеми капацитетот и ефикасноста на полицијата во извршување на редовните контроли на територијата на Центар.
-Како локална самоуправа ќе излеземе во пресрет на ПС „Центар“, со цел поефикасно извршување на нивните работните задачи и зголемениот број теренски активности кои ги имаат полициските службеници за време на полицискиот час во време на пандемија од Ковид-19, рече Богдановиќ.
Од Општина Центар посочуваат дека од почетокот на здравствената криза се спроведени повеќе активности за поддршка на полициските станици кои се наоѓаат на територијата на Центар.
-Во текот на изминатата година беа обезбедени нови велосипеди и велосипедска опрема за припадниците на полицијата, како и обезбедување на дезинфекциони средства, заштитни маски и отстапување на општиснки службени возила за успешно и ефикасно организирање на работата во услови на пандемија, соопштија општинските власти.
Богдановиќ испрати апел до сите жители одговорно да се однесуваат и доследно да ги почитуваат мерките и препораките од Владата и од Министерството за здравство.
-Вирусот е опасен и само со координирани активности, хуманост и одговорност ќе можеме да се справиме со него, изјави градоначалникот Богдановиќ.
Ново на Сител
-
Украина: Русија нема да престане додека не биде запрена
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки